Почнува со работа новата полициска единици/фото галерија

206

Во полицискиот центар Ѓорче Петров е промовирана новата Единица за интервентна полиција формирана од досегашната Единица за јавен ред и мир, Единицата за прв одговор и интервенција Алфи и Единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт.

Новата единица ќе биде надлежна за следење на состојбите од областа на јавната безбедност на подрачјето на Секторот за внатрешни работи и преземање дејствија и мерки од областа на јавниот ред и мир, спречување на криминалитет и постапување по барање за асистенции за спроведување на извршна одлука.