Почнува реконструкцијата на повеќе сообраќајници во градот

79

Општина Велес започнува со интензивни градежните работи.

Како што информира градоначалникот Аце Коцевски, ќе се започне со реконструкцијата на завршниот слој на асфалт на дел од улицата „Благој Ѓорев“ и дел од улицата „8 Септември“- од раскрсницата кон Брза помош, до раскрсницата кај јаворите со површина од 3.800 метри квадратни.

Ќе се изврши гребење на завршниот слој и асфалтирање. Изведувач на градежните работи е Друштвото за градежништво „Битем“ од Скопје. Коцевски најави и  асфалтирање и на други сообраќајници во градот, како што е Сателитската населба на езеро „Младост“и во селата Црквино и Горно Оризари.

Јавното претпријатие за државни патишта на Општина Велес ѝ одобри 15 милиони денари за реконструкција на улицата „Вардарска“ во должина од 1.100 метри, за реконструкција на дел од влезниот регионален пат од Штип кон Велес и третата делница што треба се реконструира со дел од тие средства е стариот регионален пат кон Градско.