Почнува прочистувањето на правосудството

49
Почнува прочистувањето на правосудството  ќе се прави врз основа на извештај со увид во шест предмети за обвинителите и десет предмети за судиите, предвидува новата Методологијата за проверка на работата на правосудството во нашата земја.

 

Ова заедно со новите правилници за оценување треба да обезбеди ефикасно судство и јавно обвинителство што ќе ја врати довербата во правната држава.

 

Оценувањето на јавните обвинители, како што појасни државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, ќе започне од 1 јануари следната година, а обвинителите ќе се оценуваат врз основа на шестмесечни извештаи во кои ќе бидат разгледувани шест предмети, од кои три ќе ги посочи јавниот обвинител, додека другите предмети ќе се изберат по случаен избор.