Почнува новата сезона на Аквапаркот во Скопје

177

В петок, со почеток од 10 часот, ќе почне новата летна сезона во Аквапаркот во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Оваа година Аквапаркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти: десет атрактивни тобогани, базен со бранови, бумеранг, детски базен, како и новото детско катче за забава во песок.

Новитет е и полудневната карта што ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови.

Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорид, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава.

Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за уникатни прослави, родендени, момински и ергенски вечери.