Почнува културното лето на Општина Кисела Вода

182

В сабота во месноста Три Круши во селото Драчево започнува културното лето на Општина Кисела Вода.

На првата вечер почнувајќи во 20 часот, на сцената на Три круши ќе настапат Ефто Пупиновски, Дани Димитровска и културно-уметничкото друштво „Китка“.

В петок на 23 август во паркот „Шопен“ пак посетителите ќе ги забавуваат: Бени и Нон Стоп, групата Биоритам и Анастасија Петреска, додека в сабота на 24 август, на сцената на Три Круши ќе пеат: Миле Кузмановски, Сузана Спасовска и Силви бенд.

Настаните продолжуваат в петок на 30 август кога во паркот „Македонија“ свој настап ќе имаат: Александар Митевски, Драјан Спасов-Дац и Кристина Арнаудова.

Културното лето на Општина Кисела Вода ќе се затвори со: Мики Јовановски Џафер, Искра Трпева и Ѓоко Таневски, културно уметничкото друштво „Китка“, во Три Круши.

Сите настани започнуваат во 20 часот.