На Три круши во селото Драчево денеска почнува Културното лето на Општина Кисела Вода.

До 31 август, жителите на Општина Кисела Вода ќе имаат можност да уживаат во музичките изведби на популарни изведувачи како Дани Димитровска, Бени Шаќири, Ефто Пупиновски, КУД Китка, Анастасија Петреска, Сузана Спасовска, група Биоритам, Миле Кузмановски, Силви Бенд, Александар Митевски заедно со Драган Спасов Дац, Кристина Арнаудова, Мики Јовановски Џафер, Искра Трпева, Ѓоко Танески…

Сите настани почнуваат во 20 часот, а ќе се одвиваат на повеќе локации. Освен на Три Круши, музички случувања ќе има и во паркот „Шопен“, како и во паркот „Македонија“.