Со повеќе од 50 музички артисти на шест бини и над 100 уметници и креативци кои ќе земат учество во бројните перформанси и работилници, од вечерва и во текот на целиот викенд ќе се одржи Д ФЕСТИВАЛ.

​За отворањето на главната бина се очекуваат врвниот електронски артист Кирил Џајковски со шоу со вокалистот Лион Ди и Ти Кеј Вондер. Потем тука се и OFENBACH, париското хит дуо кое владее со светските топ листи, македонскиот хип-хоп артист СТРАЈК и неговиот хрватски колега ВОЈКО В…

На втората по големина фестивалска бина, MOSQUITO STAGE, позиционирана во срцето на ПлоштАРТ зоната и во близина на фестивалскиот камп, ќе настапат македонските алтернативни бендови RIB, DISEASE, FICTION и уникатниот номадски бенд со див ритам SIDI WACHO.

Посилна од било кога досега, со прогресив и псајко транс диџеите и продуценти како CAPTAIN HOOK, е и програмата на LAKE AWAKE бината, омилената локација на фестивалските посетители за дочек на изгрејсонце покрај крајбрежјето.

На првиот фестивалски ден, настапува виртуозот на рајските инструменти канун и саз и композитор на музика зa неколку култни театарски претстави – Џенгиз Ибрахим.