Дома МАКЕДОНИЈА Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските над 40-годишна возраст

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските над 40-годишна возраст

61
Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација почнува денеска од 8.20 до 10.30 часот во А1 Арената Борис Трајковски во Скопје.

Во оваа група се опфатени 631 медиумски работници, кои имаат над 40 години или се со хронични заболувања.

Здружението на новинарите соопшти дека лицата кои се пријавиле на првиот повик, а кои не ги исполниле условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите останати заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат земени предвид за следниот круг на вакцинација кој се очекува да биде наскоро.

Новинарските здруженија им препорачаа на одговорните лица во медиумите на денот на вакцинацијата, како и наредниот ден да ги ослободат новинарите и медиумските работници од работните обврски.