Почнува акцијата „Подај рака-донирај за твојот сосед“

43

Од понеделник до петок, наредната недела сите граѓани на општина Карпош ќе имаат можност да донираат прехранбени продукти и средства за хигиена, за домаќинствата во социјален ризик.

Како што информираат од Општина Карпош, производите можат да се донираат во просториите на урбаните заедници, од 08:00 часот до 15:00 часот.

Станува збор за хуманитарната акција „Подај рака – донирај за твојот сосед“, која општина Карпош ја спроведува во пресрет на Велигденските празници, а основната цел е да се помогне на социјално загрозените граѓани и домаќинства.

-Веќе втора година живееме и во ек на светска пандемија од КОВИД – 19. Во овие моменти, вредностите како хуманост, солидарност и емпатија треба да бидат уште поизразени, а поддршката за најсиромашните уште поголема-нагласуваат од локалната самуправа и ги повикуваат сите жители на Карпош да ја покажат својата хуманост и да донираат трајни прехранбени продукти/средства за хигиена во урбаните заедници.

Во акцијата ќе се вклучи и општинската администрација на Карпош.

Од Општина Карпош апелираат при спроведување на донацијата, задолжително да се спроведуваат мерките за заштита од КОВИД – 19 (да се носи маска, да се држи дистанца и да не се задржуваат подолг временски период во просториите на УЗ).