Со задоцнување од еден месец, денеска почнува новата учебна година. Наставниците ги пречекаа учениците надвор, во училишните дворови, со посебни протоколи. Децата дезинфицираа раце и со маска на лице влегоа во училиште. Приемот беше во различни термини за сите три одделенија. Учениците од прво до трето одделение денеска ќе имаат само еден одделенски час.
фото: П. Стојановски