Почна реконструкцијата на столаријата во средното училиште „Перо Наков“

63

Почна реконструкцијата на столаријата во 54 училници, кабинети, канцеларии и тоалети во кумановското средно училиште „Перо Наков“. Се очекува да започне и адаптација на тоалет за лица со попреченост. Претходно, беше реконструиран училишниот двор. Во тек е и реконструкцијата на училишниот ѕид.

Училиштето потпиша договор со Министерството за образование и наука за реконструкција на фасадата на објектот. Ќе се постави и греење во двете училишни спортски сали во централното училиште и во дисперзираната училишна сала во населбата Бедиње.

Во „Перо Наков“ настава следат над 800 ученици, на македонски и на албански наставен јазик.