Почна проектот во Куманово „Пливај и уживај”

432

Околу 1.000 ученици од Куманово се пријавиле да бидат дел од проектот „Пливај и уживај” кој го организира Општина Куманово, општинскиот и училишниот сојуз на спортови од градот.

Денеска на комплексот Базени се одржа отворен час по пливање на кој учествуваа голем на ученици од основните училишта. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски информираше дека за проектот се одвоени седум милиони денари за годинава.

Пливањето ќе се одвива како воннаставна активности под менторство на професори и спасувачи.

Има за цел да ги анимира нашите најмлади од основно и средно образование да се активираат на полето на пливањето. Кога имате ваков импозантен објект кој е најубав во државата треба да го искористите. Пред неколку години општината се обиде да ги анимира младит и тогаш немаше голем интерес, за жал, но сега успеавме заедно со ентузијазмот на професорите и менаџерските тимови да анимираме повеќе од 1.000 ученици, кои како дополнителна активност го земаат овој час, изјави Димитриевски.

Тој смета дека на овој начин децата ќе оттргнат од мобилните телефони, компјутери, ќе се забавуваат и ќе учат пливање.

Претседателот на сојузот на спортови на Куманово, Филип Колевски, смета дека на овој начин градот вложува во здравјето на учениците, а со тоа и во иднината.

Претседателот на сојузот на училиштен спорт на Куманово, Ивица Ѓорѓиевски додава дека покрај општа култура од пливањето, ќе се спречи превенција за создавање деформитети кај младите.

Проектот ќе трае до крајот на оваа, а ќе продолжи и во наредната учебна година.

Извор:МИА