Почна пријавувањето за трката „Охрид треил“ на Галичица што ќе се одржи на 25 мај

72

Започна пријавувањето за учество на првото издание на новиот спортски настан во Охрид – Планинарската трка „Охрид треил“. Заинтересираните пријавувањето можат да го потврдат на официјалната страна „Охридтраил.мк“која изобилува со информации напишани на оригинален охридски дијалект.

На првиот спортски настан од ваков вид во Охрид вљубениците во спортот можат да учествуваат во една од двете трки. „Малата“ е долга 35 километри и стартува од автокампот „Елешец“, додека делницата на „големата“ 60 километри започнува кај Свети Наум.

Планинарската трка „Охрид треил“ што ќе се одржи на 25 мај нуди ретка можност за уживање на сите убавини на Галичица, Охрид и Охридското и Преспанско езеро надополнето со трчање и дружење.