Почна пеколот за новата девојка на Пике

5225

Тоа кое ќе почне на лош начин, начесто завршува и на лош начин. Таквата позната фраза во изминатите неколку дена беше искористена за да се опише моменталниот статус на Жерар Пике и далеку помладата Клара Кие, девојката која фудбалерот на каталонскиот гигант Барселона ја добра за животна сопатничка откако стави крај на љубовната врска со светски познатата пејачка, Шакира.

Пике и Клара се во врска веќе неколку месеци, а тоа веќе не го кријат и често пати заедно се појавуваат во јавноста, но психолошката состојба на оваа девојка се влошува од ден на ден, така тврди познатиот шпански весник „Марка“.

Мадридскиот медиум пишува дека младата девојка не е се чувствува добро и дека е многу погодена од стиховите во новата песна на сега веќе поранешната девојка на дефанзивецот, Шакира.

Карла исто така не може да сокрие дека и смета лошиот однос помеѓу Пике и Шакира, а новата песна на колумбиската пејачка е како шлаг на тортата.

На атрактивната Шпанка не и се допаѓаат одредени стихови од новата песна на Шакира која е вистински хит на социјалните мрежи и која е прегледана повеќе од 60 милиони пати.

  • Не можам да ги поднесам дволичните, а ја ставив мојата рака во оган за тебе, е само еден од стиховите кој според јавноста е наменет за фудбалерот на каталонскиот гигант.

Стамното однесување на Пике, позирањето со новата девојка во јавноста, расправиите околу децата се само неколку од причините кои ја натераа Шакира да објави нова песна.

Пред да ја започне љубовната врска со Пике, Карла работеше како келнерка во еден ресторан, но поради големиот притисок од јавноста и поради фактот дека работи во компанијата која е во сопственост на славниот фудбалер, на девојката и беше дозволено да работи од дома.

Фудбалерот на Барселона останува на својот став дека треба да биде старател на двата сина Милан и Саша, додека Шакира се обидува на секаков можен начин да ги пресели своите деца во САД.