Почна имунизацијата на наставниот и воспитниот кадар од Ѓорче Петров

47

Од Општина Ѓорче Петров денеска соопштија дека започнала имунизацијата на наставниот и воспитниот кадар од училиштата од оваа општина.

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива во вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски“, а како што посочија општинските власти, станува збор за наставнички кои вршат дејност од прво до трето одделение.

Пријавени за вакцина се и наставничките што ќе предаваат во прво одделение од септември. Од градинките се вакцинираат воспитувачи, негувателки, педагози и психолози.

-Интересот за вакцинација кај воспитниот и наставен кадар од општина Ѓорче Петров е голем. Овој процес на заштита на населението ќе придонесе за стабилизација на состојбата со коронавирусот. Сите образовни установи во општината работат согласно протоколите за заштита од пандемијата, се наведува во соопштението на Општината.

Извор: МИА