Почна имунизацијата на воспитниот кадар од Општина Карпош

61

Во вакциналниот пункт во С.Ц. „Борис Трајковски“ во Скопје денеска почна имунизацијата против КОВИД-19 на воспитниот кадар од детските градинки во Општина Карпош.

-Станува збор за воспитувачки и негувателки кои во ек на пандемијата вршеа зрижувачка дејност и придонесуваа да нема застој во предучилишното образование на најмладите, стои во соопштението од Општина Карпош.

Во Општина Карпош фунцкионираат четири градинки со вкупно 13 објекти. Сите установи работат согласно протоколите за заштита од КОВИД – 19, со што и бројот на деца кои се згрижуваат е намален.

Директорката на градинката „Орце Николов“ Надица Гировска е сигурна дека вакцината е единственото оружје против овој вирус. Иако, управителите на градинките не се во првата фаза за вакцинација, тие ги мотивираат своите вработени, колеги, да се вакцинираат и со тоа да се направи чекор напред.

Оливера Димовска Иљовска, Елизабета Златеска и Ценче Башоска се негувателките кои утринава се вакцинираа со „Sputnik V“. Тие објаснија дека целиот процес е безболен и постои големо расположение меѓу кадарот од Карпош за вакцинација.

Извор: МИА