Почна изградба на нова училишна спортска сала кај „Наце Буѓони“

194

Почнаа градежни активности за поставување на метална конструкција на училишна спортска сала која се гради во близина на кумановското средно училиште „Наце Буѓони“. Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово.

Претходно општина Куманово почна со подготовка на теренот за изградба на  салата, ископ, порамнување на терен, изградба на основна инфраструктура, водовод и канализација, пристап.

Општината претходно, издаде и градежна дозвола за изградба на салата која е финансирана од Владата, преку Министерството за образование и наука. Според најавите се очекува, наредната година учениците од средното училиште да ја користат салата,  во чија близина е и атлетското игралиште.