Почна изградбата на пешачка и велосипедска патека покрај Брегалница

127

Почна изградбата на пешачката и велосипедска патека од 1,5 километри покрај реката Брегалница во Берово. Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, истакна дека станува збор за проект, кој се финансира преку Програмата за рамномерен регионален развој, а неговата реализација чини седум милиони денари, од кои шест милиони се од Министерството за локална самоуправа, а останатите од буџетот на Општина Берово.

-Оваа патека ќе ја збогати туристичката понуда на Берово, а паралелно со овој проект, општината Берово со бугарската општина Струмјани имаат заеднички проект. Тоа за Берово ќе значи обезбедување на 200.000 евра за реконструкција и уредување на коритото на реката Брегалница и се надевам дека соработката и искористувањето на ИПА-фондовите ќе продолжи и понатаму од страна на Општина Берово – рече Милевски.

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски истакна дека овој проект значи не само за развој на туризмот, туку и на останатите гранки, а самиот проект предвидува реконструкција на патеката, но и изградба на дел од оваа патека, којашто е долга околу еден и пол километар.

– Во рамките на патеката ќе има и урбана опрема, детски парк, канделабри, нова урбана опрема. Ова е и уредување на дел од Берово, кое подолго време беше з

Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева, потенцираше дека ова е првиот проект во Брегалничкиот регион, што се воведува во работа од Програмата за регионален развој за годинава.

– Ова е еден од четирите проекти, што Центарот за развој на Источно планскиот регион ги обезбеди преку Министерството за локална самоуправа во вкупна вредност од 31,6 милиони денари, рече Здравева.

Таа истакна дека останатите проекти се во фаза на потпишување на договори со компаниите, што ќе ги изведуваат или се во тендерска фаза.