Почна дератизација против глувци во Центар

63

Општина Центар ја започна редовната есенска дератизација против глувци на својата територија.

Како што информираат од локалната самоуправа, нејзините служби вршат редовна дератизација на шахтите два пати во годината, напролет и наесен.

Дератизацијата се користи против наезда на глувци, стаорци и го намалува ризикот од нивно појавување и ширење на разни зарази и болести.