Какао што пренесува Би Би Си , почнати се преговорите за организација на борбата меѓу британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Наводно, претставниците на двајцата британски боксери размислуваат каде би можела да се одржи борбата, со цел да проценат колку пари се во игра.

Се споменува дека голема веројатност е Џошуа и Фјури да ги одмерат силите во Саудиска Арабија.

Ниедна страна засега нема конкретни барања, туку се разгледуваат сите можни опции со цел да бидат присутни повеќе љубители на боксот и да се инкасираат што повеќе пари за двајцата боксери, велат добро упатени извори за Би – Би – Си.

Џошуа е светски шампион во ВБА, ВБО и ИБФ верзиите, додека Фјури има ВБЦ појас.

Следниот противиник на Џошуа е Бугаринот Кубрат Пукев, а Фјури го очекува реванш меч со Американецот Дионтеј Вајлдер.