Почина 27-годишниот Џереми Рулеман, светски познатата модна икона – дали поради дрога?

269

Таткото на Џереми со ништо не може да го утешат. Тој ја губи желбата за живот, ниту јаде ниту спие. Постојано многу плаче, а и солзите веќе му пресушија. – Нема ништо пострашно за родителот кога го погребува своето дете – вели таткото

Модно-музичкиот свет е потресен и тажен поради смртта на 27-годишниот манекен Џереми Рулеман. По објавата на трагичната вест, се огласи неговиот татко, Ахим Рулеман.

Тој откри пред новинарите дека Џереми се борел со зависноста од лекови против болки, како и од многу други лекови, и затоа одел на рехабилитација.

– Тој отиде на рехабилитација и се обиде да престане да зема лекови. Очигледно не беше успешна таа рехабилитација – изјави емотивно Ахим Рулеман за „Дејли мејл“.

Тој не е сигурен што точно се случило и, заедно со семејството, ќе ги чека резултатите од токсиколошките тестови.

За него, смртта на синот е неопислива трагедија.

– Нема ништо пострашно и потажно за родителот кога го погребува своето дете – вели Ахим, кого со ништо не може да го утешат.

Тој ја губи желбата за живот, ниту јаде ниту спие. Постојано многу плаче, а и солзите веќе му пресушија.

– Мојот сакан син очигледно имаше проблеми со зависноста од дрога. Сепак, го сакаше животот. Беше многу витален, прекрасна душа и човек што емотивно се врзуваше за пријателите – вели таткото на Џереми.

Синот е роден во Њу Џерси. Работел како советник во кампот и студирал психологија пред да продолжи со кариерата на манекен во 2017 година. Оттогаш, тој бил дел од неколку модни ревии на Сиријано и моделирал за брендови и дизајнери, вклучувајќи ги “Џон Варватос“, “Џозеф Абауд“, „Супердрај“, „Мејси“, „Зара“, “Ник Греам“ и ателје „Силијан“. Стана голема модна ѕвезда. Икона. Обожавателите го имитираа во начинот на облекување. Премногу ги сакаше тетоважите. Целиот беше тетовиран, со што ептен ги привлекуваше девојките, но и модните менаџери. (Д.М.)foto>Instagram