Почина Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото познатиот македонски уметник

209

Македонскиот уметник Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото почина на 72 годишна возраст. Тој беше познат графичар и професор во средното уметничко училиште и на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Ѓорги Чулаковски-Ѓото Факултет за ликовна уметност завршил во Приштина, а Магистарски студии во Белград. Имал студиски патувања во Париз, Штудгард, Детроит, Куала Лумпур, Норвешка, Финска.

Долгогодишен член на ДЛУМ, а претседател на ДЛУМ од 1987-1990 година.

Од 1987 до 1991 бил директор на Средното уметничко училиште “Лазар Личеновски” – Скопје, од 1999-2013год. е директор на Музејот на град Скопје, а во истиот период и претседател на битолското Интернационално графичко триенале.

Ѓорги Чулаковски-Ѓото еминентен претставник на графиката, вљубеник во овој медиум, со чистота, прецизност, свежина, драматична композиција создаде дела кои го збогатуваат современото културно наследство на Македонија.

Автор е на 20-тина самостојни изложби и над 100 колективни.