Почина шеикот Калифа бин Заед, зад себе остави осум наследници и богатство од 120 милијарди долари

528

Лидерот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифа бин Заед ал Нахјан, почина денеска на 74-годишна возраст. Тој беше еден од најбогатите владетели во светот и зад себе остави богатство кое се проценува на 120 милијарди долари, а кое сега ќе се дели меѓу неговите осум наследници.

Шеикот Калифа беше претседател на ОАЕ од 2004 година кога почина неговиот татко Заед бин Султан ал Нахјан.

Пред тоа, Калифа од позиција на претстолонаследник обавуваше дел од работите на претседателот бидејќи неговиот татко имаше здравствени проблеми.

Тој контролираше 97,8 милијарди барели резерви на нафта и беше претседател на Управата за инвестиции во Абу Даби која управува со имот од 875 милијарди долари, што е најголема сума на пари со која управува шеф на држава во светот. Се верува дека семејството Ал Нихјан поседува богатсво од 150 милијарди долари од кои 120 милијарди се во директна сопственост на шеикот Калифа.

Најголемата градба во светот, првобитно позната како Бурџ Дубаи, преименувана е во Бурџ Калифа во негива чест, откако Абу Даби му даде на Дубаи 10 милијарди долари за отплата на долгови.

Од кабинетот на шеикот Калифа соопштија дека тој веќе извесно време бил во лоша здравствена состојба, а уште во 2014 година доживеал мозочен удар, после кој го презел церемонијалните претседателски овластувања. Неговиот полубрат Мухамед бин Заед Ал Нахјан ги извршуваше јавните работи во државата и секојдневното донесување одлуки во Емиратот Абу Даби.

Шеикот Калифа бепе најстариот син на Заед бин Султан и Хасе бинт Мохамед бин Калифа Ал Нихјан.

Беше оженет со Шамса бинт Сухаил Ал Мазруеи и имаше осум деца – Султан, Мухамед, Шама, Салам, Ошу, Шејк, Латифа и Муза кои сега ќе го делат неговото богатство од 120 милијарди долари.