Поранешниот германски кошаркарски репрезентативец, Адемола Окулаџа, почина на 46-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Окулаџа за германската репрезентација играше 172 пати, а во 2002 година беше член на тимот што ја освои бронзата на Светското првенство, каде му беше капитен на Дирк Новицки. Роден е во Нигерија, но кога имал три години, неговото семејство се преселило во Берлин.

Во младоста играше за Алба Берлин, а потоа четири години играше за универзитетот Северна Каролина. Тој се врати во берлинска Алба во 1999 година, а во текот на кариерата играше и за Жирона, Барселона, Уникаха, Бенетон, Валенсија, Химки и Бросе Баскет. По завршувањето на кариерата бил аналитичар и коментатор и сопственик на консултантска компанија за спорт.