Почина принцот Филип, јави британски Мирор. Тој го посвети сиот свој живот на кралицата Елизабета и кралското семејство, пишува весникот.

Војводата од Единбург беше опишуван како „силата и поддршката“ на кбританската кралица и 70 години беше постојано покрај неа.

 

Роден е во 1921 година, служел во Кралската морнарица. Починал мирно во кругот на семејството, објави медиумот.

„Со длабоко жалење, нејзиното височество кралица соопштува дека нејзиниот сакан сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, почина мирно утрово во замокот Виндзор“, објави Бакингамската палата, не наведувајќи ги причините за смртта.

Принцот Филип, кој во јуни требаше да наполни 100 години, во изминатиот период се лекуваше во лондонски болници поради проблеми со срцето.

Во ноември минатата година, Елизабета и Филип одбележаа 73 години брак.