Почина прв здравствен работник од ковид-19 во Македонија

237

Во соопштение испратено до јавноста Фармацевтската комора известува дека почина првиот здравствен работник во Македонија од корона вирус.

„Фармацевтската комора на Македонија со огромна болка и така соопштува дека на 27-ми март згасна животот на нашиот почитуван колега дипломиран фармацевт Петар Мојсоски од с. Подгорци, Струга.“, стои во известувањето.

Се чека потврда и од Министерството за здравство во најновиот дневен извештај.