Почина поранешната македонска ракометна репрезентативка – Јулија Николиќ

292

Македонскиот ракомет го потресе нова трагична вест. Поранешната македонска ракометна репрезентативка Јулија Николиќ, попозната како Партенко, ненадејно почина синоќа на 38-годишна возраст.

Николиќ во својата кариера играше за Кометал Ѓорче Петров и за Вардар, а го носеше  дресот и на македонската репрезентација.

Таа во 2003 година заигра за Кометал Ѓорче Петров, останувајќи шест години до 2009. После четири години, во 2013 повторно се врати во Македонија и го облече дресот на ЖРК Вардар. Ја заврши кариерата во 2015 година.