Поранешниот Формула 1 возач, Жан-Пјер Жабуј, почина на 80-годишна возраст.

Французинот забележа два триумфа во Формула 1, по еден во 1979 и во 1980 година. Тој славеше на трката за Големата награда на Франција и на австриското ГП, а на подиумот се искачи шест пати. Најмногу ќе остане запаметен по тоа што му ја донесе првата победа на тимот на Рено во најлудиот караван на светот.

Поради имиџот, го доби прекарот Големата Русокоса.