Почина познатиот македонски пејач Момо Николоски

363

Почина Момо Николоски (61), македонскиот пејач кој не успеа да ја добие битката со тешката болест.

Тажната вест ја објави на Фејсбук неговата сопруга, а семејството и пријателите праќаат пораки за сочувство.

Неговата сопруга Валбурга редовно информираше и за здравствената состојба на Момо при неговата хоспитализација. Бараше помош и поддршка, но Момо не успеа да се избори со болеста.