Олимпискиот шампион во слалом од Зимските олимписки игри во 1992 година во Албервил, Норвежанецот Фин Кристијан Јаге, почина на 55-годишна возраст по кратко боледување, соопшти неговото семејство.

Јаге го имаше своето деби на Светскиот куп во 1984 година во Оре, Шведска и ја постигна својата прва слаломска победа седум години подоцна. Kариерата ја заврши во 2000 година, со вкупно седум победи.

Јага ги доживеа најголемите моменти во кариерата на Игрите во Албертвил. Тој го надмина славниот Италијанец Алберт Томба, во тоа време најдобриот скијач на светот и освои златен медал.