Почина магот на хоророт Стјуарт Гордон

138

Американскиот режисер и писател Стјуарт Гордон почина на 72-годишна возраст, пренесува списанието Варајети. Тој е најпознат по дела како што се култниот класик „Ре-аниматор“, правен според делото на Хауард Филипс Лавкрафт, и на филмот “From Beyond“.

Тој е познат како еден од режисерите кој најдобро успеа да ги прилагоди делата на Лавкрафт на големиот екран. Тој создаваше филмови насочени кон хорор жанрот, но се испроба и во ноарот и научната фантастика. Со оглед на тоа што тој беше огромен обожавател на Лавкрафт и на Едгар Алан По, има адаптирано неколку нивни дела и приказни.

– Јас секогаш барав начини на луѓето да им се подвлечам под кожа, да фрлам нешто кон нив за што не беа подготвени, да ги изненадам и да одам во насока за која не се надеваа. Понекогаш луѓето не го сакаат тоа, а понекогаш само уживаат во тоа. Јас сум еден од оние што уживаат во тоа “, изјави во еднаприлика Гордон.

Исто така беше активен во театарот во Лос Анџелес каде го режираше „Never more… An evening with Edgar Allen Poe”, во кој глумеше Џефри Комбс, кој исто така играше и во неговиот филм „Ре-аниматор“.