Марк Итон, легендарниот центар на Јута, почина на 64-годишна возраст, објави клубот од Солт Лејк Сити. Тој отишол да вози велосипед, а потоа бил пронајден мртов. Американската полиција соопшти дека еден граѓанин пријавил дека видел човек во бесознание на патот.

Според полицијата, нема шанси во несреќата да учествувало друго возило.

Итон помина 12 сезони во Јута, од 1982 до 1993 година, двапати беше прогласен за најдобар дефанзивец на годината.