Почина легендата на Атлетико Мадрид, Хосе Луис Капон

151

Легендарниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Хозе Луис Капон почина во 70. година од животот. Шпанска „Марка“ наведува дека Капон ја загубил битката со Паркинсоновата болест која му била дијагностицирана пред неколку години.

Капон цела деценија го носеше дресот на мадридски Атлетико (1970 – 1980 година), период во кој со „јорганџиите“ освои две шампионски титули во Примера, една во националниот Куп и една во Интерконтиненталниот Куп.

Извор:МИА