На просторите на поранешна Југославија двапати настапи со своите целовечерни гала-концерти во Загреб во концертната сала “Ватрослав Лисински“ кога се бараше билет повеќе….

Жилијет Греко, икона на француската шансона која ја споредуваат според популарноста со Шарл Азнавур, Миреј Матје, Далида, Едит Пјаф, Нана Мускури и Жилбер Беко, почина на својата 94-годишна возраст. Во текот на долга и успешна кариера ги пееше песните од Жак Превер, Бертолд Брехт и Франсоаз Саган. Со голема светска популарност се стекнува откако од Париз замина за Њујорк каде настапува во најпознатите американски концертни сали.

Официјално од естрадните настапи оваа мега икона, се прости во 2015 година кога одржа голема светска турнеја. Не само по песните-француските шансони, Жилијет ќе ја памтиме и по улогите во филмовите “Орфеј“ и “Добар ден таго“. Ќе ја патмиме и по евергрините “Под париското небо“ и “Мразам недели“. Потекло води од Грција, па секогаш нејзиниот волшебен рапав глас го споредувале со гласовите на пејачките од Медитеранските земји.
Жилијет ќе биде погребана далеку од јавноста и обожавателите, само во кругот на своето најтесно семејство. (Д.М.)

.