Почина дипломатот кој ја претставуваше Грција во спорот со името со Македонија

152

Грчкиот дипломат, Адамантиос Василакис, кој беше главен преговарач во спорот со името со Македонија почина денеска на 79-годиншна возраст, јавуваат грчките медиуми.

Роден на 13 јуни, 1942 година во Чиос, Василакис од 1972 година е работи како дипломат, а служееше и на клучни позиции во Европската унија и Обединетите нации.
Од 2007 година тој ја претставуваше Грција во спорот со Македонија, чиј медијатор беше Метју Нимиц.

„Министерството за надворешни работи тагува за загубата на амбасадорот Адамантиос Василакис, одличен дипломат кој ја почести својата татковина и беше модел и извор на инспирација за сите оние кои имаа среќа да го запознаат“ соопшти грчкото МНР.