Почина двократниот шампион на Вимблдон

301

Австралискиот тенисер Питер Мекнамара (64) ја загуби борбата со ракот.

Мекнамара, кој е роден на петти јули 1955 година во Мелбурн, а од 1974 до 1987 година беше активен на АТП турнирите, каде освои пет титули во сингл и се искачи на седмото место на листата на најдобри тенисери, попознат беше како играч во двојки. Во оваа конкуренција доби статус нал легенда, откако три пати освои грен слем титула.

Два пати победи на Вимблдон (1980 и 1982 година), а еднаш се закити со трофејот на Австралија опен (1979). Вкупно во двојки освои 19 титули и беше трет играч во светот во оваа конкуренција.

Мекнамара и по завршувањето на кариерата се задржа во тенисот и се оствари во улога на тренер. Го тренираше Австралиецот Марк Филипусис, кој стигна до финалето на Вимблдон, како и Григор Димиртов, Метју Ебден и Кинската Чијанг Венг.