Почина актерката Видосава Грубач

64

Почина долгогодишната актерка Видосава Грубач, која беше член на Драмски театар од 1962 година па сѐ до пензионирањето.

„Најважните улоги ги остварува на куклената и на детската сцена, но со голем успех учествува и во проектите на вечерната сцена, соопштија од Драмски театар.

Од улогите кои ги толкувала на театарската сцена се издвојуваат: Беки Тачер во „Том Соер“ (1962); Оливер Твист во „Оливер Твист“ (1963); Клариса во „Кралот на елените“ (1964); Лилјана Бартли во „Фармерки“ (1965); Мариета Ривал во „Сојуз на лажните светци“ (1970); Жената во облека на шпанска кралица во „Ништо“ (1972); Бајачката во „Диво месо“ (1979); Екатерина во „Бркотница“ (1980); Иродијада во „Салома“ (1985); Тетка Веска во „Чија си“ (1991).