Почестете се со здраво смути и наполнете се со енергија

181

Бидејќи деновите се динамични, а обврски има многу, секој претпочита да пие кафе наутро како поедноставен и побрз извор на енергија. Исто така, вообичаено е да се јадат различни пецива или нездрава и брза храна што го заморуваат организмот и не обезбедуваат доволно хранливи материи.

Смутито освен што е вкусно, го зајакнува имунитетот, може да ве разбуди и да ви даде доволно енергија за извршување на секојдневни активности. За подготовка на овој здрав напиток потребни ви се овошје, зеленчук, млеко или јогурт.

Наместо топчесто овошје (боровинки, малини, аронија…), можете да користите манго, круши, јаболка … во зависност од сезоната, секако.

Почестете се себе си и вашето семејство со ваков здрав напиток секој ден.

Од состојките потребни ви се 1,5 чаша бадемово млеко, 1/4 лажичка куркума во прав,  лажичка семе од лен, 1/4 лажичка гел од алое вера, лажичка зелен чај, лажичка цимет, суви урми, неколку листови зелени зеленчуци, кељ, спанаќ, една до две чаши бобинки (свежи или замрзнати) – капини, боровинки, малини, јагоди … и мала банана.

Ставете ги сите состојки во блендер, а по желба можете да додадете малку бибер или ѓумбир, свежо нане, босилек, свежо исцеден сок од лимон.

Уживајте во вкусот, незаменлив е!