Потрошувачките цени во Франција растат со рекордно темпо

42

Рекордно високо е нивото на инфлацијата на потрошувачките цени во Франција во април, покажаа во петокот конечните податоци на статистичкиот завод INSEE.

Индексот на потрошувачките цени се зголеми за 4,8 отсто на годишно ниво во април, како што се проценува, по мартовскиот раст од 4,5 отсто. Рекордно зголемување на инфлацијата е резултат на забрзувањето на трошоците за услуги за 3,0 отсто и порастот на инфлацијата на храната на 3,8 отсто.

Производствените цени исто така се зголемија со стапка од 2,6 отсто. Иако поскапувањето на енергенсите беше умерено во април, годишниот раст беше 26,5 отсто. На месечно ниво, потрошувачките цени се зголемија за 0,4 отсто по растот од 1,4 отсто во март.

Месечната инфлација се совпаѓа со проценките објавени на 29 април. На годишна основа, базичната инфлација се искачи на 3,2 отсто од 2,5 отсто во март.