Јапонски љубител на спортот потрошил 40.000 долари на билети за Олимписките игри во Токио, за кои во последен момент беше одлучено дека ќе се одржат без публика.

Казунори Такишима, купил 197 билети за себе и за своите пријатели и имаше можност да влезе во Гинисовата книга на рекорди, но само доколку ги посетеше сите натпреварувања за кои купи влезница, со тоа 45 – годишниот трговец со недвижности навистин, ќе станеше светски рекордер по бројот на посетени олимписки натпреварувања. Неговата олимписка страст трае веќе 15 години и сега кога конечно ги дочека Игрите во својата земја, во својот град, не може да ги гледа во живо.

Се почнало во 2005 година, кога првпат гледал натпреварување во лизгање и веднаш купил билет за Зимските олимписки игри во Торино во 2006 година.

-Заминав без големи очекувања, но кога видов како Сузука Аракава освои злато, тоа толку ме инспирираше и од тогаш сум присутен на сите Олимписки игри, изјави Такишима.

-Кога ги гледам солзите на спортистие кои ќе освојат медал или заради фрустрации поради пораз, тоа ме тера да работам уште понапорно. Секој пат кога одам на Игрите , добивам толку ногу големи емоции, објасни јапонскиот суперфан на Олимписките игри.

Сепак, за влезниците што ги купил ќе си ги добие парите назад, но тоа не го прави среќен.

-Требаше многу време, труд и страст, имам толку многу страст кон Олимписките игри и затоа уживав во процесот на купување на билетите и покрај тоа што беше тежок предизвик. Сега имам само тага и плачам секој пат кога ќе ги погледнам влезниците, изјави Текишима и напомена дека смета оти јапонските власти одлуката за забрана на гледачите ја донеле на темел на емоциите, а не според тоа што го кажуваат бројките.

-Јапонија многу споро ги носи политичките одлуки и се плаши да ризикува, објасни Казунори.

Игрите во Токио ќе бидат први што ќе се одржат без присувство на публика, но не планира да се откаже.

-Ке продолжам да ги посетувам Олимписките игри доека не умрам. Планирам да ги видам сите, од отварање до затворање, заврши Јапонецот.