Потрошив 200 мил. евра, а тој се дере само „сиу“

226
epa10423646 Al Nassr's Cristiano Ronaldo reacts during the Saudi Pro League soccer match between Al-Nassr and Al Ettifaq in Riyadh, Saudi Arabia, 22 January 2023. EPA-EFE/STR

Кристијано Роналдо беше ангажиран како големо засилување за Ал Наср, но на првите два првенствени натпревари одигра под очекуваното ниво и сосема заслужено беше критикуван од клупските челници.

На почетокот од 2023 година, после низата шпекулации, славниот португалски интернационалец и официјално беше преставен како нов фудбалер на Ал Наср. Авантурата во Азија не почна како што посакуваше затоа што првите два натпревара мораше да ги следи од свечената ложа поради суспензијата која „наследи“ од англиската Премиер лига.

После тоа, дебитираше со два погодока на пријателскиот натпревар каде комбинираниот тим од играчи на Ал Наср и Ал Хилал играа против францускиот гигант ПСЖ.

На следните два натпревара во националниот шампионат, Роналдо не се запиша во листата на стрелци, а поради своите потези, Португалецот со денови е предмет на исмејување на социјалните мрежи.

Дека нешто не е во ред со Роналдо покажува и видео клипот на кој јасно се гледа како едно лице кое е дел од клупската управа на Ал Наср јавно го критикува славниот фудбалер.

Ал Наср беше елиминиран од Ал Итихат во полуфиналната рунда од Суперкупот на Саудиска Арабија (1:3), а на крајот од дуелот, тренерот Руди Гарсија направи „жртвено јагне“ од Кристијано Роналдо.

  • Една работа која го промени текот на натпреварот беше неговото промашување во првото полувреме, изјави францускиот стручњак.

Неколку дена подоцна, на друштвените мрежи се појави видео кое со невидена брзина стана вистински хит на сите социјални мрежи. На видеото се гледа како еден човек, за кој се збори дека е официјално лице во Ал Наср, јавно го критикува Роналдо.

  • Веднаш да си заминеш. Потрошив 200 мил. евра, а тој знае само да каже „Сиууу“. Тоа не е можно, наводно кажал клупскиот челник.

На 3. февруари ќе биде одигран првенствиот натпревар помеѓу Ал Наср и Ал Фатеха, а спортската јавност во Саудиска Арабија се надева дека тој дуел ќе биде „трета среќа“ за португалскиот интернационалец.