Шерон Стоун (64) се смета за една од најуспешните, но и најубави актерки во Холивуд. Иако зад себе има богата кариера и статус на холивудска дива, нејзиниот приватен живот е потполно друга приказна. Во своите мемоари славната актерка открива дека изгубила девет деца и во животот поминала низ многу тешки периоди.

„Ние жените немаме простор за разговор за оваа болна загуба. Тоа не е мала работа, тешко е и физички и емоционално. Меѓутоа, присилени сме да мислиме дека тоа е нешто со кое треба сами да се носиме, во тајност, како свој неуспех наместо да добиеме неопходна емпатија и исцелување. Изгубив девет деца во абортус“ – откри Шерон Стоун.

Сепак, овие трауми и тешки периоди не ја спречиле Шерон да се оствари како мајка, па усвоила три сина.

Првиот син Роан го добила со тогашниот сопруг Фил Бронштајн. Роан сега веќе има 22 години, а славната актерка на Инстаграм се пофали дека нејзиниот најстар син станал дипломиран кувар. По разводот, Шерон усвоила уште едно момче, сега 17-годишниот Лерд, а најмладиот Квин има 16 години.

Борбата за мајчинство била долга и болна, открива Шерон Стоун во своите мемоари. Се се закомпликувало по тешкиот мозочен удар што го преживеа актерката во 2001 година кога едвај остана жива.

Холивудската дива која гордо ги носи своите 64 години, не би го менувала мајчинството за ниедна филмска улога. Впрочем, таа на сите им стави до знаење дека повеќе сака да им прави колачи на своите синови и да игра со нив кошарка, отколку да шета на „црвениот тепих“.