Државната геодетска управа на Хрватска спровела контролни мерења на подрачјето на Петриња, Глина и Сисак и  утврдила дека Петриња и Сисак се поместени до 86 сантиметри по силните земјотреси. Исто така, утврдено е дека имало и висинско поместување на територијата на Глина од 10 сантиметри.

– Врз основа на добиените резултати и анализата на координатите на постојаните точки од геодетската основа пред и по земјотресот, утврдено е дека најголемо поместување покажуваат точките на подрачјето на Петриња и тоа со средни вредности на поместување од 45 сантиметри во насока на југоисток, додека средните вредности на движење на Глина изнесуваат 10 сантиметри кон северозапад, односно 10 сантиметри кон североисток за подрачјето на Сисак… Исто така, утврдено е поместување од 10 сантиметри (спуштање на тлото) за подрачјето на Глина, објави Цивилната заштита.