„Потрага по средновековното богатство“ на скопското Кале

86

На 25.09.2022 година во организација на ХАЕМУС ќе се реализира авантуристичката мистерија „Потрага по средновековното богатство“, интерактивна социјална едукативна игра.

Активностите започнуваат со кратка едукативна тура низ Скопското кале, за да можат учесниците да ги препознаат објектите на старите мапи и приказните поврзани со нив.

– Потоа групата го добива царскиот дневник на мајсторот Крон придружен со сет за истражување. Без дополнителна помош од страна, учесниците почнуваат самите да ја водат истрагата преку тимска игра, логичко размислување и по пат на расчитување стари мапи, решавање мистерии, загатки, кодови и тајни шифрарници – информираат од ХАЕМУС.

Невообичаената авантура завршува во моментот кога ќе биде откриена големата мистерија – локацијата на средновековното богатство. Ова адреналинско доживување кое во себе ги обединува авантуристичките игри, ловот на богатство и решавањето мистерии е препорачана за деца и млади на возраст од 8-14 години.