Потпретседателот на Собранието, Мисовски ќе ја предводи делегацијата на Мечкин камен

33

Делегацијата на Собранието по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Денот на Републиката, на Мечкин камен во Крушево, ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, соопшти денеска собраниската прес служба.

Претседателот на Собранието Талат Џафери е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување, додаваат од собраниската прес-служба.

Џафери на 24 јули беше хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на коронавирус, иако тестирањата на Ковид-19 му биле негативни.

Извор:МИА