Потполна трансформација на македонскиот пејач: Неговото лице ви звучи познато?!

936

Веруваме дека на многу познатиот македонски фолк пејач Влатко Алексовски воопшто не му беше лесно да направи една ваква целосна трансформација со својот изглед. Веројатно му требаше долго време “да пресече“. И воопшто не згрешил во изборот. Тој од сега има нов имиџ кој тотално се разликува од предходниот со долга коса, лицето без брада и со шишките “на јуриш“.

Во целост го промени својот надворешен изглед. Сосема ја скрати косата на популарната “нула“, но во согласност со таквата популарна фризура тој пушти и брада, со што сега, мора и самиот да си признае дека изгледа заводливо машки. Со новиот имиџ за кој добива најмногу пофалби од понежниот пол, Алексовски подготвува и нови песни, нови спотови. Во текот на летото кое е пред нас, пејачот нема да настапува на фестивалите, тие не му се веќе предизвик, туку оние што сакаат да го слушаат ќе можат да уживаат во неговите песни на неговите солистички настапи ширум Македонија. А и во настапите за нашите иселеници кои во јули и август ќе дојдат во родната земја, на кои Влатко ќе им пее.  Дуле М.