EPA-EFE/FILIP SINGER

Француската кошаркарска федерација соопшти дека Томас Ертел, како и останатите репрезентативци кои беа дел од тимот на Европското првенство, ветил дека нема да потпише договор со ниту еден руски или белоруски клуб.

Ертел денес и официјално е нов кошаркар на Зенит со кој потпиша договор на една плус една година. Ова предизвика реакција од Француската кошаркарска федерација која го обвини Ертел дека ја прекршил заклетвата.

-Федерацијата преку Твитер дозна дека Томас Ертел потпишал за рускиот клуб Зенит на 1+1 година. Доколку Федерацијата беше информирана дека Ертел е во контакт со многу странски тимови, вклучително и руски, тогаш не е сигурно дека ќе потпишеше договор со нив. Играчот пред собирот на репрезентацијата потпиша заклетва дека не планира и нема да потпише договор со ниту една руска или белоруска екипа, се вели во соопштението.

Исто така, се наведува дека на Ертел му се заканува забрана за настап во репрезентацијата и дека постои можност да биде исклучен од Светското првенство во 2023 година и Олимписките игри во 2024 година.