Потпишан протокол меѓу Србија и С.Македонија во превенција на сообраќајните незгоди

44

Директорката на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Србија Јасмина Милошевиќ и претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот во Северна Македонија, Гордана Кожуваровска денеска потпиша протокол за соработка меѓу двете институции.

Протоколот предвидува заемна соработка во превенција на сообраќајните несреќи и заедничко водење кампања.

На потпишувањето на Протоколот присуствуваа и секретарот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Северна Македонија, Владимир Лазаров, претседателката на работната група за меѓународна соработка и советник на директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Србија, Лидија Станојевиќ.

Гостите од Северна Македонија ги посетија сите оддели кои се занимаваат со превенција и со лиценцираниот персонал во Агенцијата за безбедност во сообраќајот, бидејќи сакаа да добијат увид на самото место за тоа како работи АБС.

Исто така беше договорено, доколку ситуацијата со коронавирусот дозволи, до крајот на годината да се организира заедничка кампања со цел да се апелира до учесниците во сообраќајот да посветат посебно внимание на возењето за време на зимските услови, соопштија од Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Србија.

Извор:МИА