Потпишан меморандум меѓу АРКОМ, РКЕ и Регионалниот проект за јакнење на капацитетите во водните услуги

100

Обезбедување основа за продолжување на зедничките напори на партнерите, за зголемување на ефикасноста и квалитетот на водните услуги во Р Македонија преку заеднички систематизирани ставови за подобрување на условите за работа на давателите на водни услуги, е целта на денешниот меморандум за разбирање потпишан меѓу АДКОМ, Регулаторната Комисија за Енергетика на Р.М. и регионалниот проект „Регионална мрежа за јакнење на капацитетите во секторот водни услуги“, имплементиран од страна на ГИЗ и финансиран од владите на Швајцарија и Германија.

Лолита Стојановска, извршен директор на АДКОМ, се заблагодари за поддршката од донаторите и искусните консултанти и рече дека проектот е поделен во два дела.

-Првиот дел беше изготвување на бизнис планови на малите комунални претпријатија под 10 илјади жители, додека вториот дел дел е воспоставување на платформа за дијалог меѓу засегнатите страни, изјави Стојановска.

Зоран Горгиев од Асоцијацијата на даватели на комунални услуги (АДКОМ) нагласи дека овој меморандум дојде како резултат на нивната соработка, но и понатаму меморандумот ќе претставува обврска пред се за АДКОМ и понатаму да усвојува проекти, да работи на подобруваење на сите услуги што тие како комунално претпријатије ги даваат.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски, верува дека во наредниот период овој меморандум ќе биде поддржан и од ЗЕЛС и дека еден од основните причини за носењето на Законот за утврдување на цените на водните услуги било потребата за усогласување на нашето законодавство со сооедветните директиве на ЕУ.

-Имајќи го предвид овој закон беа донесени низа мерки, но исто така РКЕ како едно тело што ги утврдува тарифите за водните услуги ги донесе сите потребни законски акти со цел да можеме да ги донесеме сите овие потребни водни тарифи за јавните комунални претпријатија. Во изминатите две години РКЕ донесе преку 150 одлуки за водни тарифи за соодветните водни услуги и притоа во најголем дел од овие одлуки поминаа и на советите на општините и очекуваме дека во наредниот период целиот тој процес да си заврши и во општините со помалку од 10 илјади жители, рече Бислимоски.

Питер Волф од Проектот „Регионална мрежа за развој на капацитетите за водоснабдување и канализација рече дека германската Влада секоја година издвојува околу 350 милиони евра за интервенции поврзани со секторот за води.

– Во просек 80.000 милиони луѓе ќе имаат придобивки од тековните активностите во секторот за води преку германската соработка. Приближно милијарда евра се веќе вложени во секторот за води во земјите на Западен Балкан. Врз основа на швајцарската стратегија, во периодот 2017-2020 во Македонија вкупно ќе бидат вложени околу 76 милиони швајцарски франци, од кои околу 26 милиони швајцарски франци се наменети за поддршка за проекти од областите на инфраструктура , животна средина и економски развој, нагласи Волф.