Руски товарен брод потона крај брегот на турската црноморска провинција Бартин, соопштија локалните власти,потенцирајќи дека е во тек акцијата за спасување на околу 15 члена на екипажот, кои се наоѓаат во чамци во морето.

„Пет лица од вкупно 13 ченови на екипажот беа спасени од рускиот товарен брод, а спасувачките екипи извлекоа две безживотни тела“ – рече гувернерот на провинцијата Бартин, Синан Гунер, пренесува агенцијата Анадолија.

Гунер, изјави дека бродот со сув товар потонал крај брегот на регионот Инкуму и истакна дека сите членови на екипажот се државјани на Украина, а не на Русија, како што претходно било објавено.

Како што се наведува, временските услови во регионот се многу лоши и спасувачките екипи имаат проблеми со пловењето.

Од руската амбасада во Анкара за ТАСС изјавија дека дипломатите работат на откривање на судбината на екипажот, а причината за несреќата засега е непозната.